ЈАВНА ПОНУДА

за промена на договорните услови за кредитните производи




Врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 90 од 04.04.2020 година) ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, на ден 09.04.2020 година, ја објавува следната:

JАВНА ПОНУДА бр. 1
за промена на договорните услови за кредитните производи

Понудата се однесува на сите клиенти кои се корисници на кредит во ФД ЦЕМАК- КРЕДИТИ ДОО Прилеп и ќе важи до 19.04.2020 година

Детални услови на Понудата



Понуда за физички лица:

1. ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп врши намалување на обврските за месечен ануитет во период од 1 Април 2020 до 30 Јуни 2020 во износ од 70% од редовниот месечен ануитет за договорите за кредит склучени заклучно со 31 Март 2020.

2. Периодот на отплатата на кредитите се продолжува за 90 дена.

3. Обврските од преостанатиот дел од кредитот рамномерно се распределуваат во месечни ануитети кои ќе доспеат по 30 Јуни 2020, без притоа да се наплаќаат дополнителни камати, надоместоци, трошоци, провизии и/или казнени камати, согласно новиот амортизационен план кој ќе биде изготвен од страна на ФД заклучно со 10 Мај 2020.

4. Олеснувањето на отплата на кредитот ќе се применува за ратите кои доспеваат во период од 1 Април 2020 година до 30 Јуни 2020 година, а уплатите по кредитната партија ќе се раскнижуваат согласно доспевањето на ратите по новиот амортизациониот план.

5. За промена на условите во договорот за кредит согласно оваа понуда ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп ќе достави известување до клиентите согласно чл. 2 од Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците т. е.:
-ФД ќе објави известување за Понудата на својата официјална web странa www.cemak.mk
-ФД ќе испрати смс известување до клиентите за Понудата.

6. Правното дејство на променетите услови од договорите за кредитна изложеност има важност на целокупната договорна пропратна документација (амортизационен план, трајни налози и друга документација) сите нотарски исправи и обезбедувања ( договори за залог владетелски-невладетелски, меници и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

7. За време на период од три месеци, кај кредитите кои се плаќаат со административна забрана клиентот е должен да го извести својот работодавач дека за време на овој период истата треба да ја намали и да изнесува 30% од износот на аниутетот.

8. Должникот Физичко лице во рок од 10 дена од објавата на понудата е должен да го извести ФД писмено или електронски дека ја одбива понудата, во друг случај се смета дека понудата е прифатена.

9. Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредит.

10. Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.


Понуда за правни лица:

1. ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп можат да ги олеснат условите од договорите за кредит склучени со правни лица заклучно со 31 Март 2020 врз основа на барање на правно лице – корисник на кредит поднесено во период од 1 Април до 30 Јуни 2020 година.

2. ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп го разгледуваат секое поединечно барање од должниците за промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност поднесено (писмено или електронски) во период од времетраењто на вонредната состојба и преку електронска комуникација доставуваат понуди до поединечните должици или ги известуваат за одбивање на барањето.

3. Правното дејство на променетите услови од договорите за кредитна изложеност има важност на целокупната договорна пропратна документација (амортизационен план, трајни налози и друга документација) сите нотарски исправи и обезбедувања ( договори за залог владетелски-невладетелски, меници и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

4. За правните лица кои ќе ја прифатат понудата за промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност, ФД изготвува нов амортизационен план за отплата на кредитот.


ВАЖНА НАПОМЕНА:

Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Финансиското друштво и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда.

Клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата тоа можат да го направат:
- лично;
- електронски на следниот маил cemak_krediti@yahoo.com;
- телефонски на 078/379-800 или 075/379-000;
- или писмено со известување на следнава адреса ул.Борка Талески бр.5 Прилеп.

Со почит
ФД ЦЕМАК - КРЕДИТИ ДОО Прилеп

Понудата во .pdf формат можете да ја превземете од ТУКА
Превземи ја изјавата за неприфаќање на јавната понуда од ТУКА